• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Третман на кератоконус



Состојба каде рожницата, корнеата го менува својот облик односно од нормално закривена се испакнува и истанчува добивајќи облик на конус се нарекува кератоконус. Промената на обликот на корнеата го попречува правилното прекршување на светлосните зраци и дава промени на видот.

Точната причина за негово настанување е сеуште непозната. Најчесто се јавува кај млади луѓе од 6 до 40 години и тоа особено во периодот на пубертет. Заболувањето обично се јавува на двете очи, асиметрично, но едното око секогаш има поизразена прогресија. Напредувањето е индивидуален процес.

Симптомите на кератоконус почнуваат како кратковидост и астигматизам. Пациентите често имаат двојна слика, или повеќе слики на едното око и се жалат на изобличување на сликата. Кај некои се јавуваат кругови светло и осетливост на светлина. 

Лекување на благи и средни стадиуми на кератоконус се состои во носење очила и полутврди или тврди контактни леќи. RGP леќите овозможуваат добра корекција на видот, но не го запираат понатамошното напредување на болеста.

Во напредните фази се применува зафат на:

1) Радијална кератотомија

-оперативен зафат со кој на рожницата се вршат мали, како точкички ситни резови со која се апланира корнеата и се намалува нејзината испакнатост. Интервенцијата е лесна, брза и краткотрајна и се изведува со локална топикална анестезија. Постоперативно се препишува одредена терапија.

2) Корнеален Кросс-линкинг

- терапевска процедура чија цел е да се забави прогресијата на болеста. Се применува УВ зрачење и витамин B2 (рибофлавин) на рожницата и со нивна меѓусебна интеракција се зголемува бројот на меѓумолекуларни врски во внатрешноста на рожницата. Интервенцијата е лесна, брза и се изведува со локална топикална анестезија. Најпрвин се врши аплиакција на рибофлавин, а потоа со УВ зраци.  Потоа се добива терапија со капки. Минливи нуспојави во текот на првите денови се црвенило, чешање, печење, осетливост кон светлина и заматен вид. Корнеалниот крос линкинг е многу успешна процедура. Кај 90%-95% од пациентите се забавува прогресија на кератоконус.

3) Трансплантација на корнеа (Кератопластика)

-Се применува  кај  10 до 25% од пациенитите со дијагностициран кератоконус во напреднат стадиум во кој корекцијата на видот веќе не е можна, а истенчувањето на корнеата е во степен кога се јавува и делумно декомпензирање на прозрачноста на истата.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Третман на глауком

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје