• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Третман на солзни канали



Добро функционирање на солзниот систем подразбира добро распореден и квалитетен солзен филм. Кај солзниот апарат битна е уредна функција на сите негови делови. Окото и носот се поврзани со нежен канал, назолакримален канал, кој служи за истекување на вишокот солзи. Во некои случаеви заради зачестени воспаленија, повреди или пак стеснување доаѓа со запушување на тој канал. Таа состојба се манифестира со засилено солзење (епифора) и пропратни инфекции поради застој на солзи во солзната ќесичка која се наоѓа на почетокот на тој канал.

Третманот на солзни канали опфаќа два пристапа:

1) конзервативен третман (со терапија)

2) хируршки третман

При конзервативниот третман најпрвин следи промивка на солзни патишта и проверка за проодност на солзни патишта (Проба на Анел). Потоа се препишува соодветна антибиотска терапија.

Моментот кога воспалението или запушувањето неможе да се санира со терапија се врши операција наречена дакриоцисториностомија (DCR). Тоа е хируршки зафат со кој се воспоставува повторна проодност, континуитет на солзните канали. Се врши вградување на силиконско цевче кое останува во окото неколку месеци односно се вади по шест месеци. Операцијата може да биде во општа или локална анестезија. Се добива соодветна постоперативна терапија и совети. Понекогаш во првата недела по операција може да се јави крварење од нос.

Денес се употребува и нова дегенрација на техники наречена Мулти Диоде Ласер, која се практикува и во нашата болница. Операцијата се реализира во многу кус временски период (8-10 минути), сите постапки се следат со ендоскопија преку внатрешноста на носот. Крварење при операција со Мулти Диоде Ласер скоро и нема. Поради карактеристиките на Мулти Диоде Ласер, оштетувања на ткивото при операција скоро и не постои. Процесот на опоравување е краток. Ден после операција, пациентот може да продолжни со сите активности. Други предности на оваа метода се тоа што не се прави засек на кожата и не се оштетуваат мускулите околу солзните ќеси.

Понекогаш се случува да првично биде изведена дакриоцисториностомија, а потоа во втор обид мулти диоде ласер.

Кај најмалата популација се случува да од самото раѓање има стеснување или воспаление на солзните канали. Прв совет од офталмолозите е нежна масажа и соодветна хигиена на окото. Доколку не се отворат солзните канали се прави сондирање во кратка општа анестезија.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Третман на глауком

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје