• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Третман на страбизам



Страбизам се однесува на окуларна неусогласеност поради екстраокуларна мускулна нерамнотежа. Накратко, очите се „искривени“. Страбизам се јавува на околу 2% од децата под 3 години и околу 3% од децата и младите. Важно е навреме да се реагира затоа што во детството е често поврзуван со развојот на амблиопија, или мрзливо око.

Пациентите со страбизам имаат повеќе опции на лечење кои вклучуваат:

- Очила - Некои типови на страбизам настануваат поради аномалија во прекршувањето. Со користење на очила страбизмот го снемува. Кај овој тип доволно е користењето на очила.

Оклузија (затварање) - Оваа метода во лекувањето може да се користи и при мрзливост на окото.

- Ортоптика - се применува и за подобрување на видот со двете очи и за стекнување на чувство за длабочина (бинокуларен и стереоскопски вид). Овие две функции овозможуваат паралелно држење на очите и се многу битни во нашето секојдневие. Тие ни овозможуваат да бидеме по успешни при возење кола, играње кошарка, тенис и други спортови кои бараат временска синхронизација.

- Хируршки третман - Кај страбизмот од раѓање по правило нема потреба од очила и потребна е операција во рана фаза (од 6 месеци до 1 година). Поголемиот дел од кривењата се јавуваат помеѓу 2-3 годишна возраст и вообичаено се корегира со користење на очила, но кај страбизмот кој не се корегира и покрај користење на очила потребна е хирушка интервенција. Операциите за страбизам кај деца се вршат под генерализирана (општа) анестезија, кај возрасни е можна и локална анестезија. Основниот принцип на операција е намалување или зголемување на силата на мускулите кои ги движат очните булбуси односно олабавување, затегнување (резекција) или транспозиција на неопходните мускули на окото. Кај некои пациенти постои можност и за втора операција.

- Ботокс -  кај некои типови на страбизам може да се применува ботулинум токсин (BOTOX). Оваа метода  доста ефикасна кај страбизмот предизвикан од засегање на нерв кој го инервира соодветниот мускул (паралитичен), кај пациенти кои се оперирани но не е постигнат очекуваниот резултат. Кај паралитичниот страбизам, по правило се јавува и двојно гледање (диплопија) и претставува доста тешка состојба за болниот. Кај овој тип на страбизам се претпочита еден период на чекање од 6 до 8 месеци, но во овој период на чекање може да се примени BOTOX методата со цел намалување на двојното гледање.

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на глауком

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје