• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Третман на глауком



Глаукомата е втората водечка причина за слепило  во светот според СЗО –Светската здравствена организација. Претставува прогресивна оптикопатија  со губење на функцијата на нервните влакненца на очниот нерв кое води соодветно до постепенно намалување на видот. Постојат повеке ризик фактори  и теории за уништувањето на очниот нерв, но една една од главните причини е очниот притисок, ризик фактор врз кој моментално единствено може да се влијае.

Глаукомата наречена уште и тивок крадец на видот се развива без да има видливи симптоми додека не се намали значително видот на едното око, и доколку не се дијагностицира и лекува навремено најчесто води до слепило.

Се јавува во повеќе облици како примарен глауком со отворен агол, со затворен агол, секундарен глауком, конгенитален глауком.

Основна цел во третманот на глауком е снижување на очниот притисок. Во зависнот од степенот и обликот на глаукомот постојат и различни пристапи на третман и лечење:

1) конзервативен третман - со примена на антиглауоматозна терапија со капки;

2) ласерски третман - се одвива амбулантски, со локална анестезија со капки.

      -Аргон ласер трабекулопластика (ALT)

      -Селективна ласер трабекулопластика (SLT)

      -Јаг ласер иридотомија (YAG laser)

3) хируршки третман

     -Трабекулектомија - Операцијата се врши со локална или општа анестезија со строго запазени стерилни услови на работа. Предоперативно се вршат сите неопходни испитувања и анализи за подобра подготовка на пациентот.  Интервенцијата трае 35-60 мин започнувајќи со примарна безболност во периферијата и задниот дел на окото со аплицирање на инјекција или примена на општа анестезија во зависност од потребите и околностите. Потоа се прави засек под одреден агол на конјуктивата која го сочинува надворешниот слој на окото, и се навлегува до белиот ѕид наречен склера. Со нејзино површинско поткревање со  специјални хирушки инструменти се овозможува преминување на очната течност под склералниот слој, без отпор. Тој слој се враќа повторно на своето место, се затвара и се шие, заедно со надворешните слоеви на окото. Постоперативно се препишува одредена терапија која мора редовно да се користи како и придржување кон советите од докторот.

    -Ендоскопска ласер циклофотокоагулација (Ендоциклофотокоагулација) - нова напредна метода за ласерски третман на глауком, минимално инванзивен, се врши со локална анестезија, со сите протоколарни преоперативни испитувања и подготовки. Основата е ласерски третман на цилијарното тело со што се цели кон саканата цел т.е. намалување на производството на очна водичка и снижување на очниот притисок. Постоперативно се препишува одредена терапија која мора редовно да се користи како и придржување кон советите од докторот.

    -имплантација на валвули

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје