• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Третман на дијабетична ретинопатија



Дијабетната ретинопатија (ДР) е сериозно очно заболување кое се јавува како компликација на дијабетот и промените кои се манифестираат на ниво на очно дно. Промените предизвикани од дијабетесот можат неосетно да напредуваат подолго време и да го оштетат видот. Се разликуваат три главни поими кај дијабетесто – дијабетичен макуларен едем и два типа на дијабетична ретинопатија пролиферативна и не пролиферативна.

Лечењето на дијабетична ретинопатија е сложено и долготрајно. Во зависност од густината на крварењето постојат три начина:

1)ласер фотокоагулација

2)интравитреална апликација на лек

3)витректомија

Ласер фотокоагулација е метода каде со примена на ласерски пулсови се спречува истекување од оштетените крвни садови на мрежницата и спречува формирање на нови крвни садови. Исто така и при макуларен едем со примена на ласер фотокоагулација се спречува негово зголемување и го забрзува неговото повлекување и намалување.

Ласер фотокоагулацијата е амбулантска процедура, која се работи во локална анестезија на проширена зеница. Ласерирањето може да се повтори во неколку сеанси на неколку месеци во зависност од контролните прегледи на очното дно, OCT наод или флуоресцинска ангиограгија.

Покрај ласер третманот во лечењето се применуваат и интравитреални инекции кои по својот состав се инхибитори на васкуларниот ендотелен фактор на раст- anti VEGF. Се аплицираат одредени лекови (avastin, lucentis, eylеa, triamcinolon, ceftazidime, vancomycin). кои обезбедуваат стабилност на крвните садови. Инхибитор на VEGF-a се аплицира во окото во просторот на стаклестото тело, на 4мм од работ на рожницата. Се изведува со локална топикална анестезија во строго запазени стерилни услови на работа во операциона сала. Најчесто се прави повеќекратна интравитреална апликација распределена по соодветен временски период. Основните цели на оваа интервенција се намалување на воспалението во внатрешноста на окото, намалување на присутните отоци во окото, спречување на развој на абнормални крвни садови, намалување на собирање на течностите во ретината и централната видна точка.

Доколку крварењата се пообилни и пројават компликации како што се хемофталмус (крварење во стаклестото тело) или развој на витрео-пролиферативни мембрани и траки  кои предизвикуваат тракциона аблација на мрежницата, одвојување на ретината се применува хируршки зафат на парс плана витректомија со неизвесен исход по видната острина.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје