• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Трансплантација на рожница- корнеа



Рожницата (корнеата) е транспарентен, преден дел на окото во форма на полутопка. За разлика од другите ткива во организмот, рожницата не содржи крвни садови кои би ја хранеле и штителе од инфекција, туку се храни од солзите и очната водичка која ја исполнува очната комора позади неа. Таа пропушта светлина во окото и претставува дел од рефракцискиот состав што овозможива вид.

Трансплантација на рожница или кератопластика е операција при која болна, заматена и непровидна рожница, корнеа се заменува со нова, здрава, донирана рожница. Благодарение на својата имунолошка привилегираност односно аваскуларизација успшеноста на оваа трансплантациона техника е преку 90%. Доколку сите останати структури се уредни, после операција на кератопластика се враќа видот.

Индикации за кератопластика се:

-кератоконус

-булозна кератопатија

-дистрофија на корнеа

-централно заматување и лузни на корнеата како последица на инфекција

-лузни на корнеата настанати по повреда на окото

-одбивање на корнеален трансплантант од претходна трансплантација и др.

Кератопластика може да се врши на различни начини во зависност видот на трансплантација (донаторот или вештачка рожница), големината и длабочината на дефект. Во основа може да биде целосна или делумна. Целосна или перфоративна трансплантација на рожница е хируршка интервенција со која се врши замена со цело ново ткиво, додека доколку се заменува само слој/слоеви на рожницата се нарекува ламеларна кератопластика. Во зависност од локализацијата на заматувањето ламеларната кератопластика може да се изведува на предната површина ( DALK) или на задната површина на рожницата (DSEK, DLEK и DMEK).

Европска Очна Болница од 2013 година започна да врши трансплантација на ткиво рожница. Во соработка со Банка за очи од Америка (http://www.sightlifesurgical.com/) се врши набавка на ткивото донор. За секое ткиво се добива сертификат од направени анализи и сертификат за безбедност. Предоперативната подготовка на пациентот се темели на офталмолошки, интернистички и анестезиолошки анализи. Операцијата се врши во локална или општа анестезија и трае еден час. Постоперативно се препишува одредена терапија која се користи неколку месеци и се врши прецизно следење од докторот. Конците се отстрануваат по неколку месеци.

Потенцијален постоперативен ризик е одбивање на корнеалниот трансплантант кое може да се јави во првата година од операција или и подоцна. Знаци на одбивање на трансплантант се: болка, црвенило, заматување на видот и осетливост на светлина. Појавата на одбивање не значи пропаѓање на трансплантантот бидејќи со адекватна, навремена терапија може да се спречи.

Досега во нашата болница се направени 300 кератопластики со висок степен на успешност.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје