• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Витреоретинална хирургија



Витректомијата е една од најсложените микрохируршки операции на окото и често е единствена терапија за многи болести на задниот сегмент на окото. Витреоретиналната хирургија бара пред сѐ врвен искусен и стручен хирург, координиран тим, примена на многу специфична и современа високо специјализирана апаратура. Во нашата болница за овој вид хирургија се користи најсовремен апарат Constellation, Alcon.

Индикации за витректомија се сите опсежни промени настанати во внатрешноста на окото или на мрежницата, ретината како последица на разни болести или повреда на окото и тоа:

-напредна пролиферативна дијабетична ретинопатија

-крварење во окото  (стаклестото тело)

-одлепување (аблација) и дефекти на мрежницата, ретината

-увеитиси

-ендофталмитис

-присуство на абнормални ткива (пролиферативни мембрани, интраокуларни туѓи тела)

-повреда на окото

-отстранување на леќини маси после компликација во тек на операција на катаракта

Витректомијата  се изведува со локална или општа анестезија по проценка на докторот анестезиолог и на хиригот, на раширена зеница. Се пристапува со микроинцизиона техника со специјален инструмент витректом, уред кој истовремено служи за инцизија и вшмукување (сукција) на стаклестото тело. На тој начин на хирургот му е достапно да ги отстрани сите крварења, заматувања, мембрани и да ги исчисти сите патолошки промени на ретината. Исто така се користат и низа други микрохируршки инструменти. Се прави ласер фотокоагулација со цел да се намалат и спречат идни крварења и/или да поправи расцепот на ретината. На местото на отстранетото стаклесто тело се применува силиконско масло или гас во функција на поставуање на ретината на свое лежиште. Доколку се стави гас, тој постепено се апсорбира од страна на организмот, но доколку се стави силиконско масло истото хируршки се отстранува со дополнителен зафат. Во одредени случаи, можно е да се направи комбиниран зафат (на пр. истовремено отстранување на катаракта).

Постоперативно се препишува одредена терапија и се добиваат постоперативни совети од хирургот.

Особено е важно пациентите да се запознаени дека и после успешна операција на витректомија потребни се неколку месеци за да се поправи видот, а во некои случаи во зависнот од степеност на усложнетост и комликација на состојбата на очното дно многу е мал процентот да може да се спаси видот или пак воопшто да не се поврати.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје