• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Ласерска корекција на диоптрија



Под рефрактивна хирургија се подразбира корекција на рефрактивните аномалии. Во денешно време постојат неколку современи пристапи за корекција на диоптријата на окото и тоа ласерска корекција на диоптријата, имплантација на факични леќи и имплантација на монофокални, мултифокални, торични или некоја комбинација.

Ласерско отстранување на диоптрија се претставува ласерско ремоделирање на предната проѕирна површина на окото- рожницата со што се  корегира одредена рефракциска грешка (диоптрија).

Во нашата болница се применува методата на Егзајмер ласер (Excimer laser) која се изведува со следните техники: LASIK (laser-in-situ-keratomileusis), PRK (photorefractive keratectomy), радијална кератотомија кај висок астигматизам.

За да се направи ласерска интервенција потребно е да бидат исполнети неколку важни услови:

Лицето мора да биде на возраст над 18 год.

Окото треба да биде здраво, да нема други придружни заболувања

Диоптријата треба да биде стабилна (да не се менува во тек на последните 12 месеци)

Секако најпрвин потребен е детален офталмолошки преглед каде се прават и дополнителни испитувања со цел да се евалуираат потребните параметри за проценка. Интервенцијата е лесна, брза и краткотрајна и се изведува со локална топикална анестезија, во стерилни услови. Се прави на двете очи одеднаш. Нормално е после операцијата да чувствувате болка, чешање, пецкање, бодежи во очите, сувост, да ви пречи светлината.  Овие реакции се надминуваат со користење на терапија препишана од доктор и нормален вид се овозможува за 5-7 дена. Потребно е да се придржувате кон советите кои ви ги упатува докторот (носење на темни очила за сонце при излегување надвор, одмарање, престојување надвор од простории во кои се пуши итн.).

Придобивките од ласерска корекција на диоптријата се тие што пружа намалување или комплетно елиминирање на потребата од носење очила или контактни леќи.

Покрај технологијата, од еднаква важност за добар исход од интервенцијата е и искуството на хирургот!

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје