• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Интраокуларни импланти



Интраокуларни импланти или леќи претставуваат специјално дизајнирани, минијатурни вештачки леќи, изградени од биокомпатибилни, нештетни материјали со одлички оптички карактеристики. Хируршки се имплантираат со посебен инјектор на место на природната леќа без чуство на страно тело или некаква нелагодност. Со нив успешно се корегира кратковидот, далекувидост и астигматизам.

Постојат голем број различни вештачки интраокуларни импланти кои овозможуваат да оперативниот тек биде што покомфорен, да постоперативниот вид биде што поквалитетен и да таа леќа може да ги исполни различните барања на пациентите.

Најопшта поделба на леќите е на тврди (полиметилметакрилатни) и меки (акрилни) леќи. Тврдите леќи се имплантираат најчесто при конвенционалниот тип на операција каде оперативниот рез е поголем и мора да бидат поставени конци за затворање на истиот. Меките леќи се вградуваат при користење на фако методата-факоезмулзификација, каде оперативниот рез е мал 1-3 мм и низ него со специјален инјектор се вградува меката леќа.

Во однос на дизајн карактеристиките, заштитните својства и потребата за корекција интраокуларните вештачки леќи се делат на:

-монофокални, даваат само еден фокус и пациентот после операцијата гледа добро далеку без очила, но мора да носи очила за блиску. Со овој тип на леќи не се корегира астигматизам (цилиндер).

-мултифокални, даваат значително подобрено видно поле за далечина и близина. Во својата структура имаат неколку концентрични прстени кои имаат различна моќ на прекршување на светлината и на тој начин овозможуваат фокусирање на различни растојанија. Постојат бифокални леќи (со два фокуси) и трифокални леќи (со три фокуси). Мултифокалните леќи може да се вградат и кај пациенти кои сакаат да се ослободат од носење очила за блиску и далеку и кои немаат перде (катаракта).

-леќи со жолт филтер, поседуваат исти карактеристики како класичните асферични леќи, со тоа што во својот дизајн имаат т.н. UV или жолт филтер со кој се спречува прекршување на светлината на жолтата дамка (центарот за вид).

-торични, специјален вид на леќи со кои истовремено се корегира и сферична диоптрија односно плус или минус диоптријата и цилиндричната диоптрија или астигматизам.

-мултифокални торични леќи, имаат заеднички карактеристики на мултифокални и торични леќи.

-ирис фиксирачки леќи, специјално дизајнирани леќи кои се вградуваат во предната очна комора, со специјални куки за прицврстување односно се фиксираат на ирисот. Со нив се постигнува корекција на кратковидост (миопија) кад помлади пациенти кај кои е сеуште очувана акомодацијата, а поради морфолошки особини на рожницата не се кадидати за некоја од процедурите за ласерска корекција.

Европска Очна Болница поседувајќи современа дијагностичка опрема, искусен тим, следејќи ги современите пристапи и трендови може да се пофали со нудење на сите споменати интраокуларни леќи, се со намера за подобар квалитет на вид.

Ние користиме еден од најдобрите светски брендови на интраокуларни леќи. Тоа се Акрисоф ИОЛ (AcrySof® IOL) на познатиот производител Алкон (Alcon). Тие се изработени од исклучително квалитетни материјали и имаат одличен дизајн кој спречува развој на компликации. Имаат апсолутно мазна површина, одлично центрирање и стабилна позиција во ќесата, создавајќи добра адхезија со капсулата. Тенки се, со што се овозможува специјална флексибилност и нудат супериорен оптички квалитет.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје