• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги- Хирургија

Операција на катаракта со ФАКО метода



Единствен начин на лекување на катарактата е по хируршки пат.

Во нашата болница операциите на катаракта се изведуваат со ФАКО техника (Факоемулзификација). Ова е најновата метода која е развиена во светот. При примена на оваа метода нема потреба од чекање за созревање на катарактата и пациентот не мора долго време да живее со ослабен вид. Никогаш не сте „премногу возрасни” за операција или за да имате добар вид!

Оваа хируршка интервенција подразбира отстранување на заматената природна леќа или т.н. формирано перде и замена со имплант (интраокуларна леќа) која ке ја врши нејзината функција и која останува засекогаш во окото. Оваа метода се применува и при отстранување на високи диоптрии во рефрактивната хирургија.

Таа е лесна, брза и најдобро прифатена метода која се изведува со локална или општа анестезија на раширена зеница. Предоперативно се вршат сите неопходни испитувања и анализи за соодветна подготовка на пациентот.Постапката трае 15-20мин со строго запазени стерилни услови на работа. Настанува минимален рез каде се одвојува замаглената леќа од предната капсула и преку ласерски ултразвучна сонда се врши разбивање, раздробување и аспирација на содржината од леќата. Инфузиската течност константно ја надоместува аспирираната содржина од окото одржувајќи стабилен интра-окуларен притисок. Во испразнетата капсула се имплантира нова синтетичка точно измерена интраокуларна леќа. Во Европска очна болница се користи еден од најсовремените фако апарати Infiniti vision system (Alcon) кој пружа исклучителна контрола на хирургот во текот на операцијата и минимална траума на окото, што како резултат има брза и безбедна операција со врвни резулати.

Постоперативно се препишува одредена терапија која мора редовно да се користи како и придржување кон советите од докторот. Оперираните пациенти единствено имаат потреба од носење наочари за блиску.

Периодот на закрепнување е мошне краток. Малиот рез кој се прави со примена на Фако методата ја забрзува рехабилитацијата на видот.

Операција на катаракта во Европската Очна Болница е хирушка интервенција со висок степен на успешност.

 

Останато

Окулопластика и реконструктивна хирургија

Прочитај повеќе

Третман на кератоконус

Прочитај повеќе

Третман на солзни канали

Прочитај повеќе

Третман на страбизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје