• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

ЈАГ ласер капсулотомија



Задна капсула на леќата е тенка мембрана која служи како вреќа во која се става интраокуларна леќа по операција на катаракта. Понекогаш доаѓа до заматување на таа мембрана и таа појава се нарекува секундарна катаракта.

Процедура која се користи за третман на секундарна катаракта е Јаг ласер капсулотомија. Со процес на фотодисрупција се отстранува заматувањето и се обезбедува јасен вид каков би бил непосредно по операција на катаракта.

Таа е лесна, брза, безболна и краткотрајна и се изведува на максимално раширена зеница со локална топикална анестезија во амбулантски услови. Се ласерира во одреден квадрант во структурата на леќата, после што се препорачува користење на капки, како и придржување кон советите од докторот.

Подобрување на видот настанува веднаш по ласерирањето, освен при состојби на макуларна дегенерација, промени на очното дно поврзани со дијабетес и напреден глауком.

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Биомикроскопија

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје