• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)



Фундус флуоресцинска ангиографија е техника на испитување на циркулацијата на ретината и хороидеата со целосен преглед на очното дно преку користење на контрастно средство. Претставува основен дијагностичен метод каде ин виво се набљудуваат патолошките процеси во задниот сегмент.

Се применува интравенска апликација на боја – натриум флуоресцин каде со специјална очна камера (ангиограф) се прават серија на фотографии. Добиениот ангиограм разликува пет фази: хороидална фаза, артериска фаза, капиларна фаза, венска фаза и доцна фаза. Се утврдува дали има истекување на течност од крвните садови и според добиените резултати се одредува начинот на лекувањето на пациентот.

Фундус флуоресцентната ангиографија се применува кај следните заболувања:

Кај ретинопатии врзани со шеќерна болест

Тромбоза на очни вени и артерии

Нарушувања на макулата (центарот за вид)

Болести на крвните садови на ретината

Дијагностика при очни тумори, воспалителни процеси во окото

болести на очен нерв

СПОРЕДНИ ЕФЕКТИ

Капките за ширење на зениците кои се користат за постапката може да предизвикуваат замаглен вид до три дена. Поради ова пациентите не треба да возат, и по можност да не патуваат сами. Жолтеникавата боја на кожата и урината може да потрае неколку дена. Бојата се екскретира преку бубрезите предизвикувајќи светложолто обојување на урината во наредните 24-36 часа.

30-60 секунди по апликацијата на бојата кај 2-4 проценти од пациентите можна е појава на гадење или повраќање. Се препорачува пациентот да дише длабоко и да продолжи да соработува. Чувството на гадење е привремено.

Многу ретко доаѓа до алергиска реакција. Доколку порано сте имале реакција на сличен лек или сте премногу алергични, треба да го информирате докторот за да ви препише соодветна терапија. Пред правење на испитувањето при непредвидени ситуации исто така се применуваат соодветни лекарства и третмани. Нема докази дека флуоресцинот преминува во плацентата, но сепак се препорачува да не се применува барем во првите три месеци на бременоста.

После постапката потребно е земање на поголема количина вода.

За ФФА потребна е проварка во врска со интерните заболувања. Посебно треба да се провери дали бубрезите функционираат нормално, дали се под контрола крвниот притисок и шеќерот во крвта. Поради ова пациентите пред да направат ФФА снимање треба да имаат одобрение од интернист.

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Биомикроскопија

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје