• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Испитување на солзна секреција



Ширмеров (Schirmer) тест 1 и 2

Квантитативно мерење на солзна секреција

Еден од најпрактичните тестови во офталмологијата за одредување на количината на солзна секреција е Ширмеровиот тест (Schirmer test). Тестот е едноставен за изведување подеднакво и во амбулантски и во клинички услови. Се прави во осветлена просторија од страна на лекар или медицинска сестра.

Тестот се применува кога ќе почуствување дека вашите очи се суви, кога страдате од болест што може да резултира со отечени очи и кога офталмолог, имунолог или ревматолог Ве испраќа да ја измерите водената компонентна од солзниот филм.

Постојат два Ширмер теста.

Ширмер 1 – Се става тест лентичка во конјунктивалниот сакус на долниот капак на пациентот во десното и во левото око. Пациентот ги затвара очите. После пет минути се мери колкав дел од тест лентичките се натопени од солзи и измерената вредност се запишува.

Ширмер 2 – Се аплицираат капки за локална анестезија во двете очи и се повторува истата постапка како за Ширмер 1.

Тест за прекинување на солзниот филм (TBUT- Tear Break-up time test)

Квалитативно мерење на солзна секреција

Тест за прекинување на солзниот филм или ТБУТ тест е квалилативен тест со кој се испитува стабилноста на квалитетот на солзниот филм. Како и Ширмеровиот тест и ТБУТ тестот е едноставен за изведување подеднакво и во амбулантски и во клинички услови. Се прави во затемента просторија од страна на лекар.

Се прави на тој начин што на пациентот му се аплицираат капки за боење (флуоресцин). На биомикроскопот се поставува кобалтно сино светло. Пациентот се мести на апаратот, слит ламбата се става во најширока позиција. Се замолува пациентот да трепне, а потоа да не трепка. Се мери времето додека не настане првата појава на сува точка на рожницата. Нормалните вредности се над 10 секунди.

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје