• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Ултрасонографија на око (ехографија)



Ултрасонографија на око или Ехографија е дополнителен инструментален метод кој се користи рутински при патологија на очниот булбус и орбитата. Таа е неинванзивна контактна и корисна метода. Основна индикација за ултрасонографија на окото/очите е непровиден оптички медиум (заматување или матнини на рожницата, заматување на леќата, заматување на стаклестото тело, повреда, присуство на страни тела, туморни маси, одлепување на ретина, крварења и др.) што го прави внатрешниот дел на окото недостапен за визуелен преглед.

Оваа дијагностичка метода се базира на емитување на високофрекветни бранови каде со помош на посебни сонди поцизионирани на капаците на очите на пациентите на кои претходно е нанесен ехо гел даваат повратен сигнал.

Притоа се генерира графички приказ со кој се добива увид за внатрешноста на окото. При ехографија на окото може да се добијат податоци преку:

-А-ехографија - метод при кој на мониторот на ехото во хоризонтална насока се визуелизира времето за кое ултразвуковиот сноп достигнал до гранична површина, а добиеното ехо е со определена височина (амплитуда) во зависност од рефлективноста на ткивото кое се испитува. Трансдусерот на ехото по претходна анестезија и ехо контакт гел може да се постави транспалпебрално или директно врз булбусот. А-скенот се користи при пресметување на аксијалната должина на окото односно при пресметување на јачината, диоптријата на интраокуларната леќа при операција на катаракта.

-Б-ехографијата – метод каде во реално време ткивата се визуелизираат дводимензионално на фотографијата. Б-ехографијата се користи кога огледот на заден очен сегмент е отежнат или невозможен.

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје