• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Видно поле (периметрија)



Видно поле се нарекува целосното подрачје кое го гледаме додека очите ни се фокусирани во центар.

Периметријата претставува одредување на видното поле односно проучување на границите на визуелните полиња со нивната проекција врз сферична површина. Со тестирање на видното поле мериме две работи: колку далеку гледаме настрана гледајќи напред пред себе и колку е осетлив нашиот вид во различни делови на видното поле.

Постојат неколку методи на тестирање на видното поле: тест на конфронтација, Голдманова периметрија и автоматска или компјутерска периметрија.

Периметријата задолжително се прави со корекција за близу ако пациентот има таква. Се испитуваат едно по едно око. Пациентот соодветно позициониран потребно е да го идентификува со притискање на тастер од апаратот секој забележан стимул, точка.

Промените во видното поле ќе бидат различни како последица на лезии на мрежницата, оптичкиот нерв, визуелните патишта и визуелните центри на мозокот.

Како резултат се добива пишан приказ од мониторинг на просторот кој може да се види кога окото е поставено да гледа нанапред, вклучувајќи ги и централниот и периферниот вид.

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје