• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Оптичка кохерентна томографија (OCT)



Оптичка кохерентна томографија (OCT) е неинванзивна, современа, прецизна и безбедна дијагностичка постапка која не бара директен контакт со окото. Кај ова испитување може да се направат неколку анализи: макула, глауком, преден сегмент, фундус фото.

Преку мерењата на апсорбираната и одбиената светлина се добива идеална слика за предниот сегмент на окото но многу поважно и за задниот сегмент (ретината). При ова испитување се добива детален и јасен слоевит пресек и сето тоа можеме да го видиме ин виво. Оваа метода има висока резолуција на визуелизација. Всушност тука може да се забележат и најсуптилните и најфините промени во структурата. Се анализира морфологијата на очното дно и евентуални патолошки промени.

OCT е како дел од дијагностичкиот протокол за многу заболувања, но уште позначајно е дека е идеална метода со која во функција на времето може да ја следиме еволуцијата на болеста, нејзината евентуална регресија или прогресија и се разбирира да се согледа ефектот од превземените терапевтски мерки.

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје