• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Мерење на очен притисок – тонометрија



Тонометрија претставува мерење на очниот притисок кое е составен дел од редовниот офталмолошки преглед. Интраокуларниот притисок (IOP) е регулиран со односот на продукција и елиминација на очната водичка. Тој е особено влијателен ризик фактор при состојби на одредени очни заболувања како што е глаукомот.

Мерењето на очен притисок е исклучително важно бидејќи покачен очен притисок е безболна појава и не дава индикација за постоечки здравствен проблем, а како скриен постепено доведува до стеснување на видното поле, па и до слепило. Затоа доколку навреме се дијагностицира и соодветно третира, видот може да биде зачуван долго време.

Постојат неколку методи на мерење на очен притисок:

-палпација на очните булбуси – со нежен допир се врши притисок на очните јаболка преку очниот капак при што под прстите се чуствува лесна флуктуација. Оваа метода е корисна само кај многу високи вредности на очниот притисок.

-безконтактна тонометрија – се користи неконтактен електронски мерен инструмент

-идентациона тонометрија – се мери длабочината на дупчето на јаболката направена од тежината на притисокот

-апланациона тонометрија – го мери очниот притисок со помош на сила која е потребна како би се израмнил одреден дел на рожницата

-контактна тонометрија – се користи компјутеризиран мерен инструмент

Оваа процедура не бара посебна подготовка, освен кај оние пациенти кои носат контактни леќи (кај ониe што носат полутврди леќи барем три дена претходно да не се носат, а кај оние со меки ден пред преглед).

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје