• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги - Амбуланта

Основен специјалистички офталмолошки преглед



Инспекција на органски сензорен систем – око се извршува во добро осветлен простор. Прегледот се започнува со помошниот апарат на окото – периорбиталниот простор, очните капаци, конјунктивата. Со иверзија на капаците се прави и инспекција на тарзалната конјунктива. Се нотира макроскопски секоја промена. Се прави:

-земање на темелна анамнеза (главни тегоби, сегашна болест, историја на болести на око и очни медикаменти, општи болести, фармаколошка анамнеза, алергии, социјална анамнеза, семејна анамнеза)

-мерење на очен притисок (тонометрија)

-компјутеризирана проверка на очила (ленсметрија)

-компјутеризирано мерење на рефракцијата и по потреба кератометрија на секое око посебно (авторефрактокератометрија)

-одредување на видна острина (со и без корекција)

-испитување на реакција на зеница

-испитување на мотилитет на очите

-биомикроскопски преглед на сите структури на окото

-директна и индиректна офталмоскопија

По направениот преглед и добивање на базична поставка на дијагноза во однос на проблематиката, доколку има потреба се прават дополнителни дијагностички испитувања со цел да се потврди или исклучи одредено заболување.

 

Останато

Аргон ласер

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер иридотомија

Прочитај повеќе

ЈАГ ласер капсулотомија

Прочитај повеќе

Фундус Флуоресцинска Ангиографија (ФФА)

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје