• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Рефрактивни аномалии

Миопија и Хиперметропија



Кратковидост или миопија е рефракциска грешка каде фокусот на јасен вид паѓа во предниот дел на мрежницата (пред центарот за вид) со што далечните предмети ги прави замаглени и нејасни. Поради тоа кратковидите луѓе јасно ги гледаат предметите одблизу и се напрегаат да се фокусираат надалеку.

Кратковидоста најчесто настанува во училишна возраст. Можно е доколку и родителите се исто така кратковиди, да постои предиспозиција за миопија. Во помлади години таа се менува под влијание на начинот како ги користиме нашите очи односно напорот за напрегање при читање, прекумерно гледање телевизија, повеќечасовно гледање во компјутер, прекумерно користење на мобилни телефони, недоволно осветлување, лоша исхрана  итн. 

Класификација и поделба на миопијата може да се направи според етиологијата, клиничката слика, степенот на кратковидост и возраста. Таа се карактеризира со диоптрија минус.

Миопијата се корегира со носење на наочари, контактни леќи или хуруршки односно ласерски зафат.

Далекувидост или хиперметропија е рефракциска аномалија каде фокусот на јасен вид паѓа во задниот дел на мрежницата (позади центарот за вид) со што блиските предмети не се гледаат јасно. Колку добро ќе се гледаат и далечните предмети зависи од висината на диоптријата и способноста на акомодација на окото. Аксијалната должина кај далекугледите е кратка.

Најчести симтомите се потешкотии при читање на текст, замарање и напрегање на очите, нејасен вид на близина или замагленост при различна оддалеченост на растојанието на читање. Хиперметропијата се карактеризира со диоптрија плус и нејзината појава не е поврзана со возраста.

Таа се корегира со  носење на наочари, контактни леќи или хуруршки односно ласерски зафат.

 

Останато

Кератоконус

Прочитај повеќе

Астигматизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје