• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Рефрактивни аномалии

Кератоконус



Рожницата (корнеата) е транспарентен, преден дел на окото во форма на полутопка. За разлика од другите ткива во организмот, рожницата не содржи крвни садови кои би ја хранеле и штителе од инфекција, туку се храни од солзите и очната водичка која ја исполнува очната комора позади неа. Состојба каде рожницата, корнеата го менува својот облик односно од нормално закривена се испакнува и истанчува добивајќи облик на конус се нарекува кератоконус. Промената на обликот на корнеата го попречува правилното прекршување на светлосните зраци и дава промени на видот.

Точната причина за негово настанување е сеуште непозната. Најчесто се јавува кај млади луѓе од 6 до 40 години и тоа особено во периодот на пубертет. Заболувањето обично се јавува на двете очи, асиметрично, но едното око секогаш има поизразена прогресија. Напредувањето е индивидуален процес.

Кератоконусот е поделен во четири стадиуми.

За детекција и дијагноза на кератоконусот се користат:

- Таблици за испитување на острината на видот

- Рачен кератометар со кое се испитува искривувањето  на рожницата

- Ретиноскопија- кај која светлосниот сноп се фокусира на ретината, а одразот на светлината се гледа додека лицето кое врши испитување изворот на светлина го навалува напред, назад

- Рачен кератоскоп (Диск на Плацидо) - неинвазивна метода на визуелизација на површината на рожницата, проектирајки серија на концентрични кругови на рожницата

- Биомикроскоп (слит ламба) - во напредните фази може јасно да се види и помага кератоконусот недвосмислено да се дијагностицира без доплонителни тестови

- Корнеална топографија – компјутеризиран графички приказ на рожницата. Топографската мапа прикажува било какво нарушување во обликот на рожницата, особено кератоконично зголемување на степенот на искривување. Се снима степенот и големината на деформацијата која што служи како референтна точка за непредокот на болеста.

Симптомите на кератоконус почнуваат како кратковидост и астигматизам. Пациентите често имаат двојна слика, или повеќе слики на едното око и се жалат на изобличување на сликата. Кај некои се јавуваат кругови светло и осетливост на светлина. 

Лекување на благи и средни стадиуми на кератоконус се состои во носење очила и полутврди или тврди контактни леќи. RGP леќите овозможуваат добра корекција на видот, но не го запираат понатамошното напредување на болеста.

Во напредните фази се применува зафат на:

- Радијална кератотомија

- Корнеален Кросс-линкинг

- Трансплантација на корнеа (Кератопластика)

 

Останато

Миопија и Хиперметропија

Прочитај повеќе

Астигматизам

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје