• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Рефрактивни аномалии

Астигматизам



Астигматизам е рефракциска аномалија на видот и може да биде поврзана и со кратковидост и со далековидост. Честопати се кажува како “имате цилиндри“. Претставува рефракциска аномалија, при што зраците по прекршувањето во оптичкиот дел од окото, не се собираат во една точка од мрежницата и не се формира јасна слика на гледаните предмети. Најчесто причина за овој оптички недостаток на окото е неправилната површина на рожницата и/или неправилно обликована очна леќа односно наместо кружен имаат неправилен, јајчест облик.

Најчести симптоми за развиен астигматизам се:

-заматен и нејасен вид одблизу и оддалеку, вертикално или хоризонтално;

-уморни очи;                                                                       

-иритација на очите;

-чести главоболки;

-потешкотии при гледање навечер. 

Астигматизмот како деформација на видот може да се појави и кај деца и кај возрасни. Често оваа аномалија се појавува уште од раѓање, но може да се развие и подоцна во животот, некогаш како последица на повреда, заболување или операција на окото. Генетските предиспозиции се исто така влијателен фактор, доколку во семејството постои историја на астигматизам или на други очни болести или деформации.

Постојат два типа на астигматизам:

           1. Правилен (регуларен) астигматизам

           2. Ирегуларен (неправилен) астигматизам

Астигматизмот лесно се дијагностицира со офталмолошки преглед и рефракциски тестови.

Корекција на астигматизмот може да се направи на различни начини во зависност од висината на диоптријата и тоа:

-очила со цилиндрични стакла

-контактни леќи (цилиндрични или торични)

-рефрактивна хирургија

 

Останато

Миопија и Хиперметропија

Прочитај повеќе

Кератоконус

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје