• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Политика за квалитет

Политика за квалитет



✔ Европска очна болница се стреми кон развивање и имплементација на најдобрите практики за организација и развој на високо квалитетни услуги во офталмологијата;

✔Европска очна болница ги почитува правата на пациентите и им обезбедува сигурна,одговорна и професионална грижа и решение за подобар вид;

✔Европска очна болница ги следи и проучува позитивните искуства од развиените земји и ги воведува новитетите и најсовремените технологии во офталмологијата;

✔ Европска очна болница спроведува континуирана медицинска едукација и обука на вработените со цел подобрување на квалитетот и сигурноста во лекувањето и примена на медицина заснована на докази;

✔ Лекарската екипа составена од еминентни специјалисти офталмолози, офталмохирурзи, специјалисти анестезиолози и субспецијалисти за клиничка фармакотерапија воспоставува добра комуникација со пациентите и остварува взаемна доверба и високо квалитетно лекување;

✔ Европска очна болница обезбедува врвна медицинска услуга од дијагностика, операции со врвна технологија и високостручен тим, до третман и целосно лекување на видот на пациентите;

✔ Европска очна болница го поддржува Системот за Унапредување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015;

✔ Европска очна болница се стреми да оддржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, води сметка за одржување на пријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на лекувањето и задоволувањето на потребите на пациентите;

✔ Европска очна болница применува процесен приод кон создавањето и оддржувањето на системот за управување со квалитет. Во врска со тоа извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите на болницата;

✔ Врвното раководство на Европска очна болница периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје