• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Услуги

Phaco



ФАКО методата или факоемулзификација се однесува на модерен оперативен зафат за корекција на катаракта. Во овој зафат се користи ултрасоничен апарат за разбивање и потоа отстранување на замаглената леќа (катарактата) од окото за подобрување на видот.
Веднаш по факоемулзификацијата се врши вметнување на интраокуларни леќи.
Со примена на ФАКО метода во окото се навлегува со еден рез помал од 3 мм мембраната на леќата се вади во тркалезна форма, катарактата т.е. заматената очна леќа се усисава со еден инструмент кој емитува ултрасони бранови и ја растопува леќата, а на негово место се става нова леќа која може да се превиткува.
Леќите кои се користат при овие операции се поинакви од леќите кои се користат при операции со шиење
Леќата која се става во окото преку резот од 3 мм, по примање на телесната температура ја добива својата нормална форма. Успешноста на операцијата зависи од квалитетот на оваа леќа која се превиткува. Во светот постојат голем број на производители на леќи.
При операции на катаракта во окото се ставаат најквалитетните светски леќи, бидејќи овие леќи остануваат доживотно во окото. Нема евидентирани случаи на вадење на леќите вградени во окото. Најголема предност на ФАКО методата е овозможување на јасен вид во почетната фаза. Поради ризик од можна инфекција не се препорачува оперирање на двете очи во ист ден. Препорачливо е растојанието на операција на двете очи да биде најмалку една недела.

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје