• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Очни заболувања

Глаукома



Глаукомата е втората водечка причина за слепило  во светот според СЗО –Светската здравствена организација. Претставува прогресивна оптикопатија  со губење на функцијата на нервните влакненца на очниот нерв кое води соодветно до постепенно намалување на видот. Постојат повеке ризик фактори  и теории за уништувањето на очниот нерв, но една една од главните причини е очниот притисок, ризик фактор врз кој моментално единствено може да се влијае.

Глаукомата наречена уште и тивок крадец на видот се развива без да има видливи симптоми додека не се намали значително видот на едното око, и доколку не се дијагностицира и лекува навремено најчесто води до слепило.

Најчестата форма е примарна глаукома со отворен агол, која се развива постепенно и неосетно.

Повеќето луѓе не се ни сомневаат дека имаат очен проблем се додека не се оштети видот значително. Глаукомата се развива на двете очи но за среќа не напредува едновременно во двете очи. Ако се дијагностицира и лекува на време и  рано, може да се намали загуба на видот. Глаукома  означува редовно проследување и лекување до крајот на животот!

Другиот тип на Глаукома е примарна глаукома со затворен агол.

Острата форма се развива одеднаш, со брз пик на зголемување на очниот притисок, може да се добие неповратна загуба на видот, и затоа овој тип на глаукома бара брза интервенција и лекување. Акутниот напад кај глаукомата со затворен агол обично започнува навечер или во затемнета просторија кога светлината е слаба и зениците соодветно се пошироки.

И двата типа на Глаукома со отворен и затворен агол можат да бидат примарни и вторични (секундарни) кога се појавуваат на база на друго очно заболување (воспаление, презреана катаракта, по запушување на крвен сад на окото) или друго заболување воопшто.

Постои и Глаукома со низок очен притисок . Се уште не е добро проучена, но е доста честа форма на ова заболување, каде очниот притисок е во нормални граници но сепак има оштетување на очниот нерв. Се смета дека кај овие пациенти има зголемена чувствителност на очниот нерв кон редуцирано снабдување со крв на иститот од редица други причини (пример атеросклероза). Во овие околности дури и нормалниот очен притисок е доволно голем да предизвика повреда на очниот нерв.

Друг вид на глауком е Конгенитална Глаукома (Глаукома од раѓање) - постои од самото раѓање.

Дијагностицирање на глаукомата се врши со:

-Офталмолошки преглед

-Мерење на очен притисок

-Комјутерна периметрија (видно поле)

-Оптично кохерентна томографија (ОЦТ) – на оптичен диск

Во зависност од степенот на глаукомата третманот е конзервативен со капки и во понапреднати стадиуми оперативен со примена на ласер, хируршки интервенции и имплантација на валвули.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје