• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Очни заболувања

Страбизам



Страбизам или коси очи, разроокост е состојба при која очите меѓусебно не се правилно насочени и немаат синхронизирана подвижност. Тоа обично вклучува недостаток на координација меѓу  очните мускули, што онеовозможува насочување на погледот на двете очи во една иста точка, а со тоа и правилен вид. За појава на страбизам има повеќе причини. Ризични фактори за појава на страбизам меѓу другото се: како поминала бременоста, дали имало проблеми при породувањето, развојот на бебето, прележаните болести и др. Генетските предиспозиции исто така може да бидат причина за страбизам. Доколку во семејството има членови со страбизам, големи се можностите на појава на страбизам и кај другите членови. Една од главните причини за страбизам е намалениот вид  (поради далекувидост или кратковидост , мрзливо око - амблиопија, вродена катаракта, или и други состојби на окото).

Како симптоми на страбизам може да се јават: губење на паралелната поставеност на очите, солзење и болки на очите, главоболки, двојно гледање, губење на тродимензионалниот вид, заматено гледање, свртеност на главата или лицето на една страна. Некои типови на страбизам што се јавуваат кај бебињата и во детскиот период се лажни. Лажното кривење е оптичка илузија која се појавува поради ширината на носот и очните капаци. За целосно дефинирање на оваа состојба задолжителен е очен преглед.

Постојат повеќе типови на страбизам кои се именуваат според правецот на кривење на окото: страбизам кон внатре (Езотропија), страбизам кон надвор (Егзотропија), страбизам кон горе (Хипертропија) и страбизам кон долу (Хипотропија). Постојат и некои посебни видови на страбизам како што е страбизам во поодминати години, кој настанува поради појава на разни причини во нервите кои ги контролираат движењата на очите (траума, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, разни инфекции, тумори и др).

Страбизмот поврзан со рефрактивни проблеми (далекувидост, кратковидост астигматизам)  се лечи на повеќе начини: со очила, специјални вежби за очните мускули, оклузија на едното око, ортоптика, третман со ботокс и хируршка терапија.

Со раното дијагностицирање и лекување на страбизмот може да се спречи појавата на мрзливост на окото и да се овозможи тродимензионален вид. Поради ова при појавувањето на сомнеж дека има страбизам, детето веднаш треба да се однесе на офталмолошки преглед, да се процени состојбата и ако е потребно што порано да се направи операција, бидејќи нема потреба да се чека детето да достигне одредена возраст.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје