• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Очни заболувања

Амблиопија



Амблиопија или слабовидост, мрзливост на очите е состојба на намалена способност за вид на едното око или на двете очи. Видот е способност која мозокот ja учи од раѓањето. Новороденото бебе од раѓање ги разликува силуетите. На 6 месечна возраст почнува да гледа тродимензионално и во боја. Ако во едното око во споредба со другото постои изразена аномалија во прекршувањето (рефракција, диоптрија), кривење (страбизам), катаракта или други нарушувања који го попречуваат видот да тоа око гледа заматено.

Доколку не се лекува во периодот после раѓањето или во детството на 3-4 години, оваа состојба останува трајно. Тема за која во општеството често се среќава, многу се зборува но малку се знае. Тешко се забележува, но и кога ќе се забележи вообичаено фазата на лекување е измината. Доколку навремено се дијагностицира, претставува болест која најлесно се лекува.

Мрзливоста на окото е загуба на видот која може да се спречи. Користење на соодветни наочари во детска возраст и покривањето на здравото око со соодветни фластери заради активирање на мрзливото око, ја сочинува основата на лекувањето. Ако детето е на возраст над 3 години лекувањето на мрзливоста на окото може да се продолжи со ортоптичка терапија со настојување за изедначување на видот во двете очи. Во лекувањето на мрзливо око не се применуваат хирушки интервенции.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје