• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Очни заболувања

Увеит



Воспалување на средната обвивка на окото (увеата) се нарекува увеит. Увеата е многу добро снабдена со крв и тоа е основната причина за честите воспалителни заболувања. Увеата се состои од 3 дела: преден- ирис, среден-цилијарно тело и заден-хороидеа.

Постојат неколку пристапи при класификација на увеит зависно од основниот параметар на класификација односно според:

 -локализација: преден, интермедијален, заден, пан-уваит

-етиологија: идиопатски (непозната причина), поради инфекција (бактериски, вирусни, габични), системски заболувања (артритис, псоријаза, колит и др.), разни ткивни маси (тумори)

-должина на траење: акутен, хроничен

- клиничка слика и патохистолошки наод: дифузен, нодуларен

- тип на ексудат во предната комора: серозен, фибринозен, гноен, хеморагичен увеит

- реакција на терапија: реактивен, резистентен, стероидно зависен увеит

Детален опис на секој вид увеит поединечно бара посебно внимание, поради што како општи симптоми се сметаат: замаглен вид на едно или двете очи, фотофобија, солзење, конјунктивална хиперемија, преципитати на ендотел, иридоциклит и др.

Лекувањето на увеитисот зависи од типот на болеста, симптомите и степенот на напредување на истата. Основниот начин на лекување е со медикаменти – капки за очи, но понекогаш кога болеста е во понапредна фаза потребни се и друфи методи на лекување – интравитреална апликација на лекови, парабулбарни инјекции, системска терапија со лекови, орално или венски. Кај многу комплицирани случаи понекогаш е потребно и оперативно лекување, кое може да вклучи и комбинирани операции на катаракта, очен притисок или операција на задниот сегмент на окото витректомија.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје