• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Очни заболувања

Катаракта



Катаракта се нарекува заматување на природната леќа на човекот. Леќата е поставена зад зеницата и нејзината функција е поврзана со фокусирањето на различни далечини и добивање на јасна слика. Заматувањето на леќата води до разсејување на светлината, замаглување на  видот и постепено намалување на видот.

Катарактата во најчест случај е промена на структурата на леќата од возраста. Со текот на времето стареат структурите на леќата, се променуваат, се променува  составот на истата и таа ја губи прозрачноста. Во овој случај се намалува постепено видот со тек на  времето. Ова е најчест вид на катаракта – поврзан со возраста. Освен возраста како фактор за појавата на катаракта, таа може да биде и вродена (конгенитална), како и да се појави поради удар (трауматска), после воспаление на окото (комплицирана) или поради присуство на друго основно заболување (патолошка).

Како симптоми на катаракта може да се појават: двојно гледање, замаглен вид, тешко или бледо распознавање на боите (посебно сина боја), потешкотии со видот во вечерните часови или ноќно слепило, ореол или отсјај околу светлите предмети, честа промена на контактни леќи или број на очила, губење на чувство за длабочина, умор на очите и главоболки.

Типот на катаракта се определува според делот на леќата кој што е замаглен и според времето кога дошло до замаглување. Постојат неколку типови на катаракта:

-Нуклеарна катаракта: заматување на нуклеусот (јадрото на леќата);

-Кортикална катаракта: заматување на периферните делови на леќата или кортексот;

-Кортико-нуклеарна катаракта: комбинирано од предходните два вида;

-Катаракта на задна капсула: заматување на делот во близина на задната капсула на леќата;

-Матурна катаракта: целосно заматување на леќата;

-Нигра катаракта: најостра форма на развиена катаракта;

-Конгенитална катаракта: вродено заматување на леќата, со неа се раѓаат бебињата или се развива во најрано детство;

-Секундарна катаракта: се создава заматување на леќата по операција на катаракта;

-Травматска катаракта: настаната како последица на повреда, траума на окото

Единственото лекување на катарактата  е оперативно.

Катаракта не може да се излечи со медицински лекови, очни капки, вежби или со користење на очила. Единствена метода е да се отстрани потемнетата леќа и да се замени со имплант (интраокуларна леќа) која ке ја врши нејзината функција и која останува засекогаш во окото.

Во нашата болница операциите на катаракта се изведуваат со ФАКО техника Факоемулзификација). Ова е најновата метода која е развиена во светот. При примена на оваа метода нема потреба од чекање за созревање на катарактата и пациентот не мора долго време да живее со ослабен вид. Периодот на закрепнување е мошне краток. Кај методите со широк рез  закрепнувањето може да потрае. Малиот рез кој се прави со примена на Фако методата ја забрзува рехабилитацијата на видот.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје