• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Доктори

д-р Билјана Ивановска- Аџиевска


специјалист офталмолог



 Родена 1978 г. во Скопје. Дипломирала на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2003 година. Во тек на студиите остварува стручни престои на Клиниките во Хајделберг, Германија и Бреша, Италија.

Државен испит по медицина положила 2004 година. Во 2005 год. работи како лекар по општа медицина во Мисијата на Европската Унија во Македонија – EUPOL PROXIMA. 

Од 2006 до 2010 г. е вработена во Министерството за здравство на Република Македонија. Специјализирала очни болести на Клиниката за очни болести во Скопје, со звање специјалист-офталмолог се стекнува во 2010 г.

 Во 2009 г. ја добива стипендијата на Европското Здружение на Офалмолози – SOE (Societas Ophthalmologica Europæa) и остварува стучен престој на Универзитетската Клиника во Ерланген, Германија, каде е активно вклучена во секојдневната работа со пациенти во делот на дијагностиката и терапијата, како и во асистенција при очните хируршки интервенции. 

Во 2017 г. ја одбрани докторската дисертација од областа на болести на задниот сегмент на окото при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, при што се здоби со звањето Доктор на медицински науки.

Со свои научни трудови редовно учествува на меѓународни симпозиуми и конгреси од областа на офталмологијата, со што е во тек со најновите сознанија и технологии за лекување на очните болести.

Зборува англиски, германски и француски јазик.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје