• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Доктори

Проф. д-р Зорка Николова-Тодорова


спец. анестезиолог, субспец. по клиничка фармакотерапија



Родена во Босилеград Р.Србија. Основно и средно образование завршува во Скопје Р. Македонија. Медицински Факултет – Скопје (Универзитет Св. Кирил и Мтодиј, Скопје Р. Македонија) 1975 год.

Специјаизација по анестезиологија со интензивна медицина (Клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување, Медицински факултет Скопје) 1979 год.

Докторат (област анестезија и хемостаза) Медицински факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Мтодиј, Скопје Р. Македонија, 1994.

Субспецијализација клиничка фармакотерапија Медицински факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Мтодиј, Скопје Р. Македонија, 2002 год.

Редовен професор на Медицински факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Мтодиј, Скопје, Р. Македонија, 2006 год. Последна позиција (пред вработување во Европска очна болница јуни 2013) шеф на Катедра по анестезија. 

Низа стручни публикации, учебни помагала и учебници од областа анестезија и интензивна медицина, менторства за магистериуми и докторати. 

Научни проекти: (Влијание на терапијата со течности врз појавата на хиперхлоремиска метаболна ацидоза) бр. 40110501/0 Министерство за наука, Р. Македонија; (Reducing mortality and long-term disability of TBI victims through research into treatment produces use in Bosnia-Hercegovina, Macedonia and Croatia) RESEARCH-TREAT-TBI No: ICA2-CT-2002-10005. 

Едукативени и работни престоји во: Кампен, Универзитет Кронинген, Холандија; Клинички цвентар Љубљана, Словенија; Болница Дубрава, Загреб Хрватска.

 Редовни и многубројни активни учества на симпозиуми и конгреси од областа анестезија и интензивна медицина во: Охрид, Дојран, Скопје и други градови - Р. Македонија; Белград, Нови Сад - Р. Србија; Љубљана - Р. Словенија, Опатија, Загреб - Р. Хрватска; Подгорица, Цетиње - Црна Гора; Сараево - БИХ; Пловдив, Софија – Р. Бугарија; Братислава, - Словачка; Брисел-Белгија; Лондон-Англија; Париз-Франција; Виена- Австрија; Монтреал- Канада; КејпТаун- Јужноафричка Унија.

Член на Лекарска комора на Р.Македонија, Здружение на анестезиолози на Р, Македонија и Здружение на лекари за критично болни пациенти при Македонско лекарско друштво, Европско и светско здружение на анестезиолози.

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје