• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Болести на ретина

Слепило за бои



Нормалното око ги разликува 3-те основни бои и околу 150-180 дополнителни кои се добиваат со мешање на основните бои. Недостатокот на видување боја.

Или слепило за боја претставува отсуство или намалена способност за гледање бои или разликување на боите под нормално услови на осветлување.

Најчеста причина е грешка во развојот на еден или повеќе видни рецептори во мрежницата (ретината) кои не пренесуваат соодветни информации до очниот нерв. Овој вид на дисфункција е најчесто генетски полово наследна. Слепилото за бои може да се јави и под влијание на физички или хемиски оштетувања на  окото, очниот нерв или делови на мозокот.

Недостатоците на визуелизација на боите може да се поделат на стекнати или наследни.

-стекнати: слепилото за бои може да биде предизвикано од болести, лекови и хемикалии

-наследни или конгенитални: монохроматизам, дихроматизам, аномален трихроматизам

Дијагностицирање на слепилото за бои се врши со Ишихара колор тест. Тој се состои од таблици на кои се нацртани кругови исполнети со точки во различна големина, боја, интензитет врз определен фон. Откривањето и лекувањето на слепилото на бои е од големо значење особено за оние кои работат во транспорт (шофери, пилоти). Во зависност от степенот на нарушување може да има ограничување при добивање на возачка дозвола. Денес слепилото на бои може да се третира со помош на специјални леќи.

 

Останато

Одлепување на мрежница (ретина)

Прочитај повеќе

Дијабетна ретинопатија

Прочитај повеќе

Дегенерација на макулата

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје