• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Болести на ретина

Дијабетна ретинопатија



Дијабетната ретинопатија (ДР) е сериозно очно заболување кое се јавува како компликација на дијабетот и промените кои се манифестираат на ниво на очно дно. Пациентите со дијабет, треба да се информирани за постоечките компликации  од  дијабетот (кои не се само офталмолошки) и да се насочуваат од нивните матични лекари или ендокринолози кон соодветните специјалисти, во случајот офталмолози.

Навременото откривање и превенција на компликациите што се јавуваат кај ова заболување, се од голема важност за зачувување на видната острина на пациентот, и подобрување на квалитетот на социјалниот живот. Ненавременото откривање и нелекување на  дијабетната  ретинопатија, води до тешки промени и усложнувања кои  порано или подоцна  водат до слепило.

Дијабетната ретинопатија се манифестира во две форми, непролиферативна и пролиферативна. При напредување на процесот кај првата, во еден момент може да премине во втората форма. Двете форми честопати се придружени со оток на центарот за вид, макуларен едем. Освен основниот офталмолошки преглед,  важни информации за состојбата ни дава флуоресцинската ангиографија (ФА), метод со кој при инјектирање на контрастна материја (боја-флуоресцин) и со специјална камера за очно дно (фундус камера), се визуелизираат и фотографираат патолошките промени на мрежницата и крвните садови во очното дно. Освен ФА многу голема информација добиваме и од оптичко кохерентната томографија (ОCT-Optical Coherence Tomography), и тоа специјално за структурните промени во центарот за вид. Ова е неинвазивен, безконтактен, безопасен метод кој ни дава визуелизација на слоевите на мрежницата и е лесен за примена и проследување на промените во центарот за вид во динамика, пред и после терапија.

Дијабетниот макуларен едем (оток на  центарот за вид-макула), се карактеризира со насобирање на течност и липопротеинови депозити во  макулата, што доведува до нејзино задебелување. Дијабетот доведува до промени на крвните садови во мрежницата. Тие се со зголемен пермеабилитет (пропустливост) и има појава на нови крвни садови кои освен зголемената пропустливост се склони и кон крварење.  Макуларниот едем се манифестира со намалување на централната видна острина и искривување на сликите. Претставува честа компликација на дијабетот и средно се среќава во 10% од болните со дијабет , може да се јави како самостојна компликација или во склоп на непролиферативната и полиферативната дијабетична ретинопатија. Пациентите со лоша контрола на дијабетот се со зголемен ризик за оваа комликација.

Непролиферативната дијабетна ретинопатија е полеснииот и почетен стадиум во кој кога на време би се дијагностицирал и третирал може да намали усложнувања и намалување и губење на видот. Придружен со или без оток во макула, тука е моментот за навремена примена на ласер и со или без апликација  на анти ВЕГФ.

Понапредната, поинвазивна, или нетретирана дијабетна ретинопатија води до прогресивната форма пролиферативна дијабетна ретинопатија каде имаме сериозно нарушување на видната острина од крварења во окото, појава на мембрани кои вршат влечење (тракција ) на ретината и ја одлепуваат. Третирањето на овие тешки состојби во окото е по хируршки пат.

Третирањето на дијабетната ретинопатија зависи од типот и степенот на прогресија. Може да се примени ласер терапија каде е важно да се знае дека ласерирањето нема да доведе до подобрување на видната острина, туку целта е да се сопре прогресијата, да се зачува моменталната видна острина и превенција на потешки компликации. Друг тертман е апликација на медикаменти во окото (anti VEGF), како и оперативно лекување во напреднати стадиуми со усложнувања  на дијабетна ретинопатија.

 

Останато

Одлепување на мрежница (ретина)

Прочитај повеќе

Слепило за бои

Прочитај повеќе

Дегенерација на макулата

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје