• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Болести на ретина

Дегенерација на макулата



Дегенерација на макулата сврзана со возраста е најчестата причина за тешка неповратна загуба на видот кај луѓето над 60 годишна возраст во развиените земји.

Макулата претставува центар за вид, една мала област во централната ретина, која ни овозможува централен вид. Овој тип на заболување се развива како дел од природниот процес на стареење на организамот.

Дегенерација на макулата означува промена на центарот за вид кој е одговорен за централниот вид и фините детаљи кои ги гледаме. Заболувањето се карактеризира со широк спектар од клинички и патолошки промени како бледо-жолти петна –наречени друзи (абнормалности на пигментниот епител), појава на нови крвни садови на хороидеата (садова обвивка), со последици оток во макула и крварења.

Постојат две форми на дегенерација на макулата поврзана со возраста: сува форма (неексудативна ) и влажна форма (ексудативна-неоваскуларна).

Друзите се карактерни за сувата форма, а појавата на нови крвни садови и усложнета со оток и крварење за влажната форма.  

Сувата форма на заболувањето е почеста и засега 90 % од луѓето со ова заболување. Загубата на централниот вид настапува постепено, за по-продолжително време, за разлика кај влажната форма која се сретнува приближно кај 10 % од луѓето кои страдаат од ова заболување и загубата на видот  настапува за пократко време.

Сувата форма во понапреднат стадиум може да помине во влажна форма.

Симптоми:

-Метаморфопсија- искривување на предметите и буквите

-Микропсија – намалување на големината на предметите

-Појава на темни флеки пред очите и невозможност за гледање (пациентите се жалат дека по улица не можат да ги распознаат лицата на луѓето, не можат да читаат и обично се вртат настрана за да можат да се фокусираат на нешто што сакаат да го видат).

Евалуација на состојбата се врши со резултати од збирни методи односно мрежа на Амслер, детално испитување на очното дно, флуоресцинска ангиографија, оптичко кохерентна томографија.

Терапија во зависност од формата на макуларна дегенерација е со:

- антиоксиданти и витамини од групата на лутеините (Лутеин и Зексантин)

- апликација на медикаменти во окото-интравитреална апликација на медикамент (anti VEGF)

Важното е да се знае дека ниту еден од овие методи не може да го излекува потполно заболувањето, туку терапијата е да може да се задржи видната острина и да се забави процесот на губење на видот  во времето.

Останато

Одлепување на мрежница (ретина)

Прочитај повеќе

Слепило за бои

Прочитај повеќе

Дијабетна ретинопатија

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје