• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Болести на очен капак

Ектропиум



Ектропиум претставува пореметување на положбата на очниот капак кај кој работ на очниот капак е завртен на надвор (спротивно на Ентропиум) во однос на палпебрарната рима (капачниот отвор). Ова промена најчесто се однесува на долниот капак.

Постојат неколку форми на ектропиум:

- Спастичен - се јавува воглавно кај млади лица и деца поради спазам на орбикуларниот мускул, вообичаено после воспалителни процеси на сврзницата (conjunctivitis) и роговицата (keratitis),

- Паралитичен – настанува поради парализа на n.Facialis,

- Сенилен – најчесто се јавува кај постари луѓе, проследен со атрофија на мускулите и кожата на очниот капак,

- Цикатриелен – настанува како последица на разни повреди и формирање на лузни кои го влечат капакот надолу.

Ектропиумот се третира хируршки со потполна реконструкција на очниот капак и враќање во негова првобитна состојба.

 

Останато

Болести на солзниот систем

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје