• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Болести на очен капак

Ентропиум



Eнтропиум претставува пореметување на положбата на очниот капак кај кој работ на очниот капак е завртен на навнатре (спротивно на Ектропиум)  во однос на палпебрарната рима (капачниот отвор).

Постојат неколку форми на ентропиум:

Спастичен – настанува после екцесивна контракција на орбикуларниот мускул, најчесто после воспалителни процеси на сврзницата (conjunctivitis) и роговицата (keratitis),

Атоничен – настанува поради губење на тонусот на орбикуларниот мускул и кожата на очниот капак, се јавува најчесто кај постари луѓе,

Цикатриелен – настанува како резултат на лузни на сврзницата и тарзусот.

Во почетни, полесни фази на болеста кога завртувањето е повремено може да помогне:

- Капење на вештачки солзи;

- Ботокс за привремено решавање на проблемот (дејството трае 3-6 месеци)

- Употреба на посебни фластери за лепење на кожата на капакот

Во напредни фази единствен третман е оперативно, хируршки со потполна реконструкција на очниот капак и враќање во негова првобитна состојба.

 

Останато

Болести на солзниот систем

Прочитај повеќе

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје