• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Болести на очен капак

Болести на солзниот систем



Солзниот систем се состои од солзна жлезда, помошни жлезди, солзни канали, солзна вреќичка (кеса) и одводен канал кој се влева во носот.

Главен продукт на солзниот систем се солзите. Тие спречуваат сушење на површината на окото и настанување на инфекции, обезбедуваат угодно трепкање, го влажнат и хранат епителот на рожницата, ги штитат и чистат очите.

Заболувањата на солзниот систем се манифестираат како суво и влажно око.

Функцијата на солзниот апарат може да биде променета и се манифестира со оток, црвенило, болка, затворање на очниот капак, прекумерно солзење.

Дијагностички ваквата промена нстанува поради:

- затворени солзни отвори

- затворени изводни солзни каналчиња
- перзистентна солзна, лакримална фистула
- стеснување (стеноза) на солзните канали
- здобиени заболувања

Постојат испитувања преку кои се врши мерење на количината на солзите и проодност на солзните канали.

Воспаление на солзната жлезда (дакриоаденитис) и воспаление на солзната ќеса (дакриоциститис) може да биде акутно и хронично.

Третманот на заболувања на солзниот систем може да биде:

-со конзервативна терапија која вклучува комбинирана антибиотска и антимукозна терапија

- хируршки третман

 

Останато

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје