• Македонски(MK)
  • Албански(AL)
  • Српски(SR)
  • Англиски(UK)
Европска очна болница

Европска очна болница



Европска Очна Болница е прва специјализирана офтамолошка болница во Македонија која е основана и функционира од 7ми Април 2011 година. Воведена е европска процедура за дијагностика и операции со супериорна технологија и искусен тим. Лекарската екипа е составена од еминентни офталмолози-специјалисти кои перманентно ги пратат и применуваат најсовремените трендови и воедно се постигнува високо квалификуван третман со извонреден резултат обезбедувајќи квалитет, брзина и високостручно лекување.

Европска Очна Болница поседува модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои се опремени со најнова техонологија со што се обезбедува современ концепт и експедитивност со цел да им се обезбеди услуга и удобност на пациентите.

Земајќи во предвид дека иако окото е мал орган сепак анатомски многу сложен орган, Европска Очна Болница третира различни болести на окото како што се:

-старечко перде (катаракта)                                                               

-кратковидост (миопија), далекувидост (хиперметропија), старечка далкеувидост (пресбиопија)

-болести на рожницата (корнеата)

-дегенерација на жолтата дамка-макулата

-заболувања на мрежницата-ретината

-промени како последица дијабет

-покачен очен притисок (глаукома)

-промени на очниот капак

-промени на видот кај предвремено родените бебиња

-промени на солзните канали

-кривогледство (страбизам)

-естетски корекции на очите

Секој наш пациент станува дел од нашето семејство и добива врвна медицинска услуга. Она што е важно да се напомене за Европска Очна Болница е дека имаме долгогодишна и успешна соработка со Фондот за Здравствено осигурување на Република Македонија, како и со Министерството за Здравство на Република Косово и соработка со странски осигурителни компании (пр. Cigna).

По дефинирање на законот и усвојување на целокупната законска постапка Европска Очна Болница од 2013 година започна да врши трансплантација на ткиво рожница- кератопластика со помош на Банка за очи од Америка (http://www.sightlifesurgical.com/).

Секојдневно се трудиме и настојуваме да ја оправдаме довербата на пациентите и секако да напредуваме и постигнеме голем успех во хирургијата и лечењето на пациентите. Наш најголем мотив е да го најдеме најдоброто решение за здравјето на очите на највисоко ниво, да го добиеме нивното задоволство, доверба и сигурност.

Нашето мото е:

 

Соработници

Сертификат

Почитувани,

Успешно испративте порака. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно испративте барање за закажување на термин. За најкраток временски рок нашиот тим ќе Ве контактира преку внесените податоци.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје

Почитувани,

Успешно се приклучивте на нашиот е-билтен. Во иднина ќе добивате корисни информации за нашата болница преку внесената е-маил адреса.


Со почит
Европска Очна Болница- Скопје